“Бев да се лекувам,а не да се гледам со Груевски”, одговори човекот на првата фотографија од Груевски во Будимпешта

Обвинетиот Александар Трајковски е човекот на кој малку му се гледа ликот на првата фотографија објавена од Будимпешта на кој е фотографиран Никола Груевски. Денеска тој кој е обвинет во предметот „Насилството во Центар“ на СЈО потврди дека е на фотографијата и појасни дека во Унгарија бил на лекување поради проблеми со белите дробови, а не за да се види со поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој не сакаше да говори јавно, туку соопшти дека ги споделува информациите за јавноста да знае што се случувало.

„Бев да направам испитување. Две години имам намален капацитет на белите дробови. Досега никој не ме упати на лекување на Клиниката за уво, нос и грло. Се лекувам со пумпици…“, раскажа Трајковски.

Тој рече дека се лекувал на клиниката „Дуна медикал“. Покажа медицинска документација и сметки дека платил за здравствената услуга.

„Да бев еден чекор назад немаше да се знае дека сум во Унгарија“, рече Трајковски и додаде дека ќе го затвори боледувањето и ќе ја достави документацијата до институцијата каде што е вработен.

Total
0
Shares
Поврзани објави