Без посериозни пречки се одвива онлајн наставата

Утрово нема посериозни пречки за одржување на онлајн наставата, соопшти Министерството за образование и наука.

„Последните тестови што се одвиваа во текот на вчерашниот ден, без проблеми се најавија и се приклучија на Мајкрософт тимс сите ученици коишто ги имаат добиено лозинките во текот на минатата недела. Исто така, во моментот ФИНКИ работи на оптимизација на останатиот дел од платформата“, се вели во соопштението.

За училиштата кои ќе работат со физичко присуство, МОН ги повикува директорите, наставниците, родителите и учениците да ги почитуваат мерки за заштита од Ковид 19, кои се клучни за спречување на ширење на заразата.

Во 600 училишта во државата се одржува настава со физичко присуство, a за останатите е достапно учење на далечина, преку онлајн платформата и со емитување на часови на македонски и на албански јазик на националната телевизија.

Total
0
Shares
Поврзани објави