Билјана Беличанец – Алексиќ пронајдна мртва

Според порталот а1.он доцна вечерва пренесе информација дека актерката и поранешна градоначалниќка на Кисела Вода била пронајдена мртва. Смртта е потврдена од МВР но не се сооптени детали. Беличанец според информациите на а1.он била пронајдена мртва во стан.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија.

Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти.

Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пониски цени на горивата

Од вечерва на полноќ цените на горивата ќе имаат големо намалување, особено дизелот, кој поевтинува четири денари во…
Повеќе

Чичко Војо е дома

На социјалните мрежи синоќа се ширеше повик за помош во потрага по исчезнат постар човек кој боледува од…