Богдановиќ: Несовесен родител однесе во изолација 22 првачиња

Уште 22 првачиња распоредени во две паралелки од центарското основно училиште „Гоце Делчев“ се во изолација.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ вели дека мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на коронавирусот и не одела на работа, сепак го носела детето на настава.

Богдановиќ најостро го осудува неодговорното однесување на наставничката и бара од директорката целосно да го испита случајот и соодветно да ја санкционира неа.

„Нагласувам дека вакво несовесно и неодговорно однесување на еден просветен работник не смее да биде толерирано. Наставниците треба да бидат пример како се работи посветено за доброто на децата и во никој случај не смеат да дозволат со своето однесување да ја доведат во опасност безбедноста на учениците“, вели Богдановиќ.

Тој вели дека општината прави се за одржување на хигиената во училиштата и апелира до образовниот кадар и до родителите да ги почитуваат здравствените мерки и препораки.

Total
0
Shares
Поврзани објави