Боинг 737 исчезна веднаш по полетувањето од Џакарта – спасувачите пронајдоа делови од авионот

Патничкиот авион на индонезиската компанија Сривиџава Ер изгуби контакт со контролата на летот кратко по полетувањето од Џакарта.

Како што објавија од услугата FlightRadar24, пред да исчезне од радарот, тој одеднаш ја изгубил висината и се „срушил“ за 10.000 стапки.

Според локалните медиуми, веднаш била покрената потрага по авионот што последен пат бил виден на радарот над морето северно од главниот град на Индонезија. Во меѓувреме, индонезиската државна агенција задолжена за претресите потврди дека се пронајдени делови за кои се верува дека припаѓаат на исчезнатиот авион, што укажува на тоа дека авионот паднал.

„Боинг 737-500“ полета со 59 патници од аеродромот „Сукарно-Хата“ на патот кон Понтијанак, главниот град на провинцијата Западен Калимантан.

Овој тип на авиони е малку постара варијанта на „Боинг 737“ и не е директно поврзана со поновите авиони „Боинг 737 МАКС“, кои беа привремено повлечени од работа по две фатални несреќи.

Total
0
Shares
Поврзани објави