Боки 13 во Шутка чека одлука на Апелација и утрешното судење, овинителството не дава домашен притвор

Првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат како Боки 13 е вратен од болницата „8-ми Септември“ во затворот во Шутка. Од Апелацискиот суд велат дека не се сигурни дали денес ќе одлучат за барањето на одбраната на Боки 13 да биде пуштен во домашен притвор оти судиите имаат и други судења. Но од обвинителството потврдуваат дека дале негативно мислење тој да биде пуштен во домашен притвор.

Јовановски на 26 ноември беше сместен во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Како што информираа од болницата, тој беше во добра општа состојба и здраствена кондиција и беше задржан за да се комплетираат резултатите од спроведените испитувања.

Утре е закажано првото ричиште за случајот Рекет во кој освен Бојан обвинета и е и Катица Јанева екс специјален обвинител и Зоран Милевски – Кичеец кои се во домашен притвор. Тројцата ќе одговараат за изнудување пари од бизнисмени во замена за влијание во предмети на Специјалното јавно обвинителство. Засега обвинителството тврди дека Јанева наплатила 50 000 евра за кои има и фотографија но и добила подарок кауч. Вкупната сума која се спомува надминува неколку милиони евра од кои еден и пол се сигурни. Но обвинителството засега не откри каде се парите освен што заплени брендирани чанти чевли и пижами од Бојан кои се претпоставува дека се купувани со овие пари.

Total
0
Shares
Поврзани објави