Болната затвореничка сместена на онкологија, нема одговор зошто “Идризово” не ја носеше на лекување

Затвореничка во Идризово болна од карцином која два месеци лежеше во затворската соба без соодветна терапија од денес е на лекување на Клиниката за онкологија. Таа не примаше никаква терапија, а само два дена по тешката операција на Торакална беше вратена во затворот. Жената живееше мачно во болки и несоодветни услови за лечење карционом и тоа постоперативно, а надлежните од затворот не ја носеа на задолжителната хемотерапија која ја препорачале лекарите. За неа се грижеа другите затворенички. Интервенцијата на затворот следува по обелоденувањето на нејзината состојба.
Како што веќе објавивме кон крајот на декември лани затвореничката била оперирана и наместо да остане на Клиника за лекување потпишала документ со кој доброволно ја напушта клиниката. Но овие документи Управата на затворот треба да ги истражи и провери бидејчи затвореничката има и писхичко растројство поради што не е способна сама да одлучува и расудува. Таа со дрен од раната е вратена во затворската соба. Не е јасно и колку други документи потпишала и зошто затврот не ја носеше два месеци на терапија од која и зависи животот.
Таа поради несоодветните услови дошла до здраствено крајно загрижувачка состојба. Единство што зборувала со затвореничките е желабата да си ја види ќерката која живее со таткото во Гостивар.

следниов линк од сторијата за затворнеичката објавена пред два дена на dosie.mk
https://dosie.com.mk/archives/1024

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави