Од утринава во Кривичниот суд се слушаат бомбите на СЈО односно доказите за случајот Титаник. Од досегашните слушнати разговори главно се слуша гласот на обвинетиот Миле Јанакиески во кој тој разговара со
Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК. Во разговор од 30 мај 2011 година Јанакиески како министер на Дерковски, кој тогаш бил директор на МЖ „Транспорт“, му вели дека ќе добијат материјали и насоки за денот на гласањето:
„Нашите да пијат кафе до 7 во штабовите. До 9 да гласаат. До 10 да гласаат пријатели и роднини, до 12 сите вработени, а потоа неопределените”. Тој и нарачува листа со конкретни активности за денот на гласањето.
Во следниот разговор, Миле контактира со командирот на сообраќајната полиција во Радовиш, Ѓорѓи, и му вели:
„Имате доста влијание во Конче. Да контактирате таму со нашиот тим и да направите една тура од врата до врата”.
Во разговорите од истиот датум се слуша и гласот на ексдиректорот на УЈП Горан Трајковски од кого Јанакиески бара јаки инспекции во ромско маало во Струмица. „Секој ден да има инспекции таму“, вели Јанакиески. На тоа Трајковски му се жали дека не може на прва да ги затворат дуќаните: „Ни го сменивте законот на втора мајка да затвораме“.
Тој на соговорникот му вели дека Зоран Заев со брашното ќе купувал гласачи во ромското мааало. „Да не мрднат со инспекции дури не ги затворат дуќаните“, нарачува Јанакиески. „Си оди циганот во дуќанот и си зема брашно…“, дообјаснува Јанакиески. „Кажете брашното е канцерогено“, додава ексминистерот за транспорт и врски. Исто така во еден од разговорите јанакиески разговра со аналитичарот Владимир Божиновски кој му ветува нова анкета во изборната единица 4 оти резултатите не биле поволни.
Поврзани објави
Девојче паднало од балкон
Тринаесетгодишно девојче со повреди здобиени од пад, вчеравечер било пренесено во гостиварската болница. Според информациите од полицијата, околу…
Повеќе лица се повредени во сообраќајка откако комбе-автобус се превртел на патот Струмица-Валандово
Повеќе лица се полесно повредени во сообраќајка откако комбе-автобус изгубило контрола и се превртело на патот Струмица-Валандово, во…
БЕГ тврди дека температурата во домовите ја одржуваат на 20 плус 1 степени
Претходно, според нивното соопштение, испорачувале топлинска енергија за да се одржува повисока температура од пропишаните правила, но сега оптимизирале бидејќи…
Косовски државјанин се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно се однесувал кон патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје
Косовски државјанин се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно се однесувал кон патниците на денешниот лет…