Брнс: Мнозинство пратеници го бираат премиерот

Новата влада да се формира во предвидените рокови и да се продолжи борбата против здравствената криза со Ковид-19 порачува амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мери Брнс. Таа за весникот на албански јазик Коха вели дека во парлементарен систем, премиерското место е работа на парламентарното мнозинство, а САД ќе соработуваат со сите политички парти во земјата за да по продолжи евро-атланскиот пат.

“Ние очекуваме партите да се соберат и да ги исполнат роковите. Со оглед на кризата со Ковид-19 и други важни проблеми со кои се соочува земјата, постигнувањето договор за нова Влада што ќе може да ги реши овие проблеми, е приоритет“, вели амбасадороката Брнс.

На прашањето за идејата на ДУИ за прв премиер Албанец, американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Брнс рече дека плуралистичкиот систем на Северна Македонија овозможува избор на премиер со гласови на мнозинство пратеници, без оглед на етничката припадност.

„Зависи од мнозинството во парламентот кој ќе го изгласа следната влада. Одредени квалификации на премиерот и неговата или нејзината способност да ја добие поддршката на мнозинството пратеници се, по природа на вашиот парламентарен систем, одлучувачки фактори тука, без оглед на етничката или политичката припадност”, рече амбасадорка. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави