Четворица Срби загинаа на автопат во Хрватска – најмладата жртва има само 14 години

Синоќа по полноќ, а автопатот А3 во насока кон Загреб се случила сообраќајна несреќа во која загинале четири лица, а едно е повредено.

Во возило марка „шкода октавија“ со словенечки таблици се наоѓале петмина патници, сите државјани на Република Србија. Во еден момент возачот изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во банкината покрај автопатот.

Од силината на ударот и задобиените повреди загинале возачот (42) и патниците во возилото, 14-годишник, 43-годишна жена и 47-годишен маж, додека совозачот (28), кој единствен користел безбедносен појас е полесно повреден.

Засега не се соопштува идентитетот на загинатите и повредениот патник.

Total
0
Shares
Поврзани објави