Денеска владата ќе прогласи кризна состојба на целата територија

Владата денеска се очекува да прогласи а кризна состојба на целата територија на државата во период од 30 дена.

Ваквата одлука уследа откако вчера Советот за безбедност одлучи да ѝ препорача на Владата да преземе таков чекор.

Владата синоќа одржа седница на која за членови на Групата за процена ги именува в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и в.д. директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути.

Ангелов, исто така, беше именува и за член на Управувачкиот комитет за координација и управување.

Со прогласувањето на кризната состојба, армијата ќе може да се ангажира и да ѝ помага на полицијата, а една од поважните можности што се отвора е и тоа што државата ќе може да ги користи и услугите на приватните здравствени установи, а за тоа ќе ги обесштетува согласно Законот за кризна состојба.

Total
0
Shares
Поврзани објави