Фирмите што кршат протоколи ќе добијат клуч на врата за 30 дена

Владата предлага зголемување на овластувањата на сите инспекциските служби за справување со прекршителите на Ковид протоколите.

Сите инспекторати на централно и локално ниво, со законските измени добиваат можност веднаш да изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена за правниот субјект ако не ги почитува протоколите против корона вирусот.

Според измените, ќе се зголемат глобите за прекршителите на здравствените протоколи, а висината на казните ќе биде во зависност од големината на фирмите.

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на население од заразни болести ќе стапат во сила откако ќе бидат изгласани од пратениците во Собрание.

Total
0
Shares
Поврзани објави