Бројот на невработени годинава се зголемил за три илјади лица

Државниот завод за статистика објави дека во вториот квартал на годината, во Агенцијата за вработување се пријавиле над 159 илјади невработени лица, што во споредба со првиот квартал од истата година има зголемување од околу 3 илјади граѓани.

Директорката на Агенцијата, Билјана Јовановска, открива дека на над 12 илјади лица им престанал работниот однос по 11 март 2020 година.

Најмногу работа изгубиле вработените во преработувачката индустрија, следи трговијата на големо и мало, додека најмалку работници отпуштиле угостителските објекти..

Најновите податоци на Агенцијата за вработување покажуваат дека во земјата има над 9.000 слободни работни места. Работодавци бараат 199 програмери и 99 инженери за ИТ, 91 касиери, 90 готвачи, 84 возачи на автобуси, 84 администратори и 79 техничари за помош на корисници.

Скопје е град со најмногу слободни работни места, односно 5.132. Следува Штип со 485 и Куманово со 398 слободни места.

Помалку слободни места има во Ресен – четири, во Крушево и Кратово два и во Валандово едно слободно место.

Total
0
Shares
Поврзани објави