Во Козле примени четири деца со корона вирус

Институтот за Јавно здравје соопшти дека во Детската болница во Козле се примени четири деца и четири родители позитивни на Ковид-19.

Според извештајот на ИЈЗ нема хоспитализирани пациенти што чекаат резултати од тестирањето за Ковид-19.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 86 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 55 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани се 45 пациенти, од кои на респиратор се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 24, а во болницата во Штип се 45 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 200, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави