Царовска, распустот нема да почне порано

Министерката за образование Мила Царовска тврди дека нема причина распустот да почне порано и да се крати од наставата бидејќи нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата.

Царовска за Телевизија 24 изјавила дека за поран распуст треба да имаме аргументи затоа што наставата во континуитет се одвива, без да има ескалација на заразени во училиштата.

„Под 1 процент од вкупниот број на наставници се позитивни а помалку од 0,06 проценти од учениците. Тоа укажува дека согласно планот по кој се одвива наставата од први октомври,  наставата треба да продолжи, се додека состојбата не се промени драстично“, смета Царовска.

Таа вели дека нема голем раст на бројките на позитивни наставници на ковид-19 и ги негира тврдењата на СОНК дека во моментот има над 1.000 заразени наставници.

Total
0
Shares
Поврзани објави