Со гаргара од белило против коронавирус

Една третина од испитаниците од Центрите за контрола и спречување на болести на САД користеле ризична практика на производите за домаќинство за дезинфекција за да го запрат ширењето на „Ковид-19“, соопшти ЦДЦ.

Според извештајот 18 проценти од иситаниците навеле дека на рацете или на кожата користеле средства за домаќинство или средства за дезинфекција, 10 проценти пријавиле дека си го прскале телото со спреј за чистење или средство за дезинфекција, 6 рпоценти пријавиле дека вдишувале пареа од средства за чистење на домаќинства или средства за дезинфекција и 4 проценти рекле дека пиеле или правеле гаргара со раствори на белило.

Извештајот од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) следи по претходна студија во која се вели дека зачестиле повиците до центрите за контрола на отров поради изложеност на средства за чистење на домаќинствата, за време на пандемијата на ковид-19.

Овие практики претставуваат ризик од сериозно оштетување на ткивата и од корозивна повреда и треба строго да се избегнуваат“, напишаа авторите во својот извештај, објавен во петокот (5 јуни) во списанието ЦДЦ Морбидитет и морталитет.

Total
0
Shares
Поврзани објави