Детали за улогата на Силвија Стојановска во шверцот на кокаин

Пред малку министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки соопшти детали за големата акција во која беше уапсена актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг. Тој кажа дека таа е дел од групата која шверцувала кокаин од Колубија во Шпанија, а лидер и организатор бил сопругот Војислав Будисавњевиќ.

Стојановска според полиците на Македонија и Шпанија кои заедно ја работеле акцијата подолг период , за потребите на нејзиниот сопруг резервирала апартман во Шпанија и го платила со своја картичка , но и зела 10 000 евра од непознато лице.

За шверцот бил ангажиран и неговиот брат кој е резидентен жител на Белгија бидејќи Будисављевиќ има забрана за патување во земјите на ЕУ.

Инстукциите и начинот или модусот на шверцот бил договаран на директни средби во многу градови вклучувајќи го и Скопје , но и преку интернет комуникација со висока заштита.

За транспортот на дрогата биле исплатени 850 000 евра.

Акцијата ја работеле полициски штабови во Скопје и Мадрид.

С.С. по инструкции на сопругот направила резервација на апартман и го платила со сопствена картичка и отпатувала во Шпанија и подигнала 10 000 евра од НН лице . Во симултана операција лишување од слобода истовремено се уапсени лица во Шпанија и Скопје и било запленето комбе со 700 килограми кокаин, појасни министерот Спасовски.

За сите е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со наркотични средства и сите имаат притвор од кои актерката доби куќен.

https://www.facebook.com/mvr.gov.mk/videos/1493312194168451/
Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави