Девет починати, 90 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19. Во Скопје има 36, Куманово 2, Штип 8, Тетово 4, Струга 10, Велес 2, Битола 2, Охрид 13, Гостивар 1, Крушево 1, Кочани 2, Пробиштип 1, Свети Николе 2, Ресен 6 лица.

Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.196, бројката на оздравени пациенти е 1.974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.975 лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави