Осум починати, 136 нови случаи на Ковид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-80, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-24, Струга-1, Велес-3, Охрид-5, Гостивар-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-4 и Неготино -1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти од: Скопје-26, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-6, Велес-4, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1.

Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.

Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57 годишен пациент од Велес.

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56г) примен на 11 јуни и пациентка (68г) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47г) примена на 12 јуни и пациентка (59г) примена на 14 јуни.

Починаа две лица од Тетово, пациент (78г) примен вчера и пациентка од (47г), хоспитализирана на 22 јуни.

Во ОБ Битола почина пациент од Кичево (61г) хоспитализиран на 21 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095.

Total
0
Shares
Поврзани објави