Активистот Филип Достовски се сомнева во фер постапка во Кривичниот суд каде треба да му се суди за поседување и продажба на наркотична дрога марихуана. Тој марихуаната ја користи за правење лек за повеќе болести а и самиот ја употребува лечејки се од болеста кој тој ја има.
-Не уапсија двајца, кај мене најдоа див коноп кој расте во Кочани. Анализите во Израел на оваа тревка покажаа дека е добра за епилепсија. Кај мојот другар најдоа THC канабис. И двата канабиси беа дадени од пациенти да им изработиме масло. Еден од пациенти е припадник на МВР. Мојот другар се сложи на условна казна, јас не сакам да се сложам, не сакама да бидам осуден за криминал затоа што ништо немам направено. Он изгледа попушти под притисок – изјави Достовски. Обвинителката ми кажа на едно рочиште „не се секирај, знам се што си правел, си правел и за мои блиски луѓе“. Сакам да прашам дали тие луѓе ќе се сложат со обвинението што е покренато против мене, обвинението е смешно. Позади мене немам никој, ко што ме обвинуваат дека стојат бизнис структури. Најверојатно ќе ме судат на база на мислење не на знаење. Треба да ме судат на база на научни податоци, а не на суеверие – кажа Достовски .