ДПИ: Ќе ги вратиме рестрикциите ако локалите не ги почитуваат проепораките

Државниот пазарен инспекторат за викендот казниле два ноќни клубови во Струмица и Прилеп по две и пол илјада евра поради непочитување на протоколите против пандемијата со коронавирусот. Освен паричните казни, поднесени се и кривични пријави затоа што ноќните клубови се уште немаат дозвола да работа.

Директорот на инспекторатот, Стојко Пауновски, за порталот Фактор, изјавил дека непослушноста на граѓаните кон мерките за заштита ги надминува сите граници.

Инспекторите се постојано на терен, регистрираме еден куп неправилности. Навистина загрижува што и по пет месеци од епидемијата, граѓаните не се сериозни и поради нивни задоволства во опасност доведуваат уште поголем дел од граѓаните во земјава, истакнал Пауновски.

Предупредување за алармантната состојба со кршење на протоколите за заштита од коронавирусот упати и директорот на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов, кој се закани дека ако сосптвениците на угиститеските локали не почнаат сериозно да ги почитуваат мерките за заштита, тогаш ќе препорачат на институциите да ги вратат ресттриктивните мерки.

„Не доведуваат во ситуација да кажеме дека локалите може да работат само до 21.00 часот и  ништо повеќе“, вели д-р. Стојанов.

Тој очекува наредните денови бројот на новозаразени да порасне поради изборната кампања.

Сигурно, од таквите активности ќе се покажат последиците, особено во помалите места каде што граѓаните не се замараат дали се носта маски и се одржува потребното безбедно растојание. Јас, како епиедмиолог сметам дека треба да размислуваме како да се отворат градинките и училиштата, а не да се прават забавите до сабајле“, додава Стојанов.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче вели дека Македонија има потпишано писмо до Светската здравствена организација за вакцината против коронавирусот кога ќе биде на располагање за масовна употреба.

Total
0
Shares
Поврзани објави