Две години по крвавиот четврток- амнестирани, неправосилна пресуда, лидер во азил…

Поминаа две години од „крвавиот четврток“ во Собранието кога демостранти насилно упаднаа во Собранието при што беа нападнати пратеници и новинари. Демонстрантите од „За заедничка Македонија“ насилно влегоа во Парламентот откако новото парламентарно мнозинство на конститутивната седница го избра пратеникот на ДУИ Талат Џафери за нов спикер на Собранието, по 4 месеци собраниски блокади и партиски надмудрувања.

Со фантомки на глава група насилници упаднаа во прес салата и ги нападнаа пратениците меѓу кои и сегашниот премиер Зоран Заев кој тогаш држеше прес конференција.Тензијата траеше неколку часа, затоа што полицијата не воспостави контрола на време. Неколкумина пратеници беа повредени од кои најтешко помина лидерот и пратеник на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

Од 33 обвинети, дел се амнестирани а дел се во затвор. На почетокот процесот почна против вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Но, по донесувањето на Законот за амнестија во име на простување и помирување и потреба за гласови во Собранието беа помилувани 15 лица. Јавното обвинителство годинава поведе истрага за организаторите на насилните настани, а ги симничи поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот спикер Трајко Вељаноски како и поранешните министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави