Екс хашки затвореник осомничен дека фрлил бомба во двор од куќа во Белград

Во Белград денес била фрлена бомба во двор на семејството на Јелена Р. поранешна сопруга на хашко осуденик Ранко Ш.

Според информациите на редакцијата Курир.рс повредени нема но е причинета материјална штета на автомобил и на фасада од куќа. Жената веднаш повикала полиција која врши увид. Првично се работи за рачна бомба M-75, која е фрлена од улица преку оградата од влезната врата во дворот.

Јелена Р. кога го пријавила нападот кажала дека се сомнева во нејзиниот поранешен сопруг со кој има проблеми. Тој е поранешен осуденик од Хашкиот трибунал за воени злосторства сторени на територија на Република Српска и во Босна и бил осуден на 18 години затвор откако признал вина.

FOTO: VLADIMIR ŠPORČIĆ

Од затвор излегол 2003 година, а одлежал во Данска. Јелена додека бил во затвор се развела од  него но се уште двајцата имаат спор околу имотот.

извор: Kurir.rs

Total
0
Shares
Поврзани објави