Екс возачот на Хазби Лика се самоубил?

На паркинг во близина на тетовскиот плоштад е пронајдено безживотното тело на Фатмир Тахири од Тетово, поранешен возач на Хазби Лика кој неодамна беше разрешен од функцијата вицепремиер.

Телото, со прострелна рана од оружје го пронашол неговиот син во неговиот автомобил во близина на местото каде живеел. Според првичните информаци од увидот забележани се дупки на стаклото од автомобилот…Од МВР велат дека увидот покажал дека станува збор за самоубиство, а оружјето било најдено до телото на починатиот.

Total
0
Shares
Поврзани објави