Судијата од Кавадарци Лазар Нанев до Судскиот совет на Република Македонија доставил писмо во кое пишува дека советот бира судии по наредба од надвор, а не според добиени бодови според кои се прави ранг листа на квалитет. На последниот избор токму Нанев беше прв на ранг листата со најмногу бодови за избор за судија во Апалациониот суд во Скопје. Судијата Нанев бара од Судкиот совет да му се објасни зошто не е избран и обвинува за криминал , омраза и украдена “победа”. Најавува тужба до судот за човекови права во Стразбур.
Досие дојде до неговото барање во кое пишува:” …сметам дека од членовите на Судскиот совет , се повредени одредбите на законот и основните темелни вредности на системот за владеење на правото, а како личност ми се нарушени основните човекови слободи и права , со елементи на криминал на омраза, непристрасност и лична дискриминација од одделни членови на Судскиот совет, со оглед на фактот што досега и после 29 апликации за судија, кога секогаш образложението беше дека немам доволен број поени , а сега сум прворангиран и незаконски одбиен…”, пишува во дописот судијата Нанев кој на крајот на писмото на членовите им посакува долг и прекрасен живот.
На местото на Нанев во Апелација влезе Тања Милева сопруга на членот на Државната изборна комисија (ДИК) од СДСМ Игор Милев. Премирот Зоран Заев во тв интервју запрашан дали сега партиите на власт ги избираат судиите, покажа дека е добро информиран за работата на Судскиот совет, велејќи дека не сака додворување од судските власти. За Милева појасни дека е избрана оти е единствена од кандидатите која ја поминала Академијата за судии и обвинители, иако се знае дека клучно за избор на судија се добиените бодови.
Во судските кругови веќе наголемо се зборува дека во Судскиот совет се вршат надворешни влијанија и тоа преку член за советот која пред неколку години беше кандидат за Претседател на Судскиот совет и лобира за македонските кандидати и член, за кој СДСМ кога беше во опозиција реагираше за неговиот избор дека е човек на ДУИ.
Судијата Нанев е актуелен во јавноста како дел од групата која го испитува АКМИСОТ системот за електронско доделување предмети во судовите, за кои беа искажани многу сомнежи.
Related Posts
Павле Богоевски: Постои ризик да пропадне и судскиот процес за сообраќајката кај Ласкарци
Ставот на Павле Богоевски активист од Шарената револуција и пратеник борец за правда и владеење на правото на…
Нинџа нуди 115 снимени разговори за крвавиот четврток
Обвинетиот Александар Василeвски – Нинџа на денешното рочиште за крвавиот четврток предложи дополнителни докази кои смета дека треба…
Јане Ченто и други обвинети со прегратка ги пречекаа пратениците на кои им се суди за крвавиот четврток
Со гушакње и честитање од дел обвинетите за 27 април денеска во судница беа пречекани пратениците кои дадоа…
Таткото на Боки 13 доби 6 месеци затвор оти претепа поп
Миле Јовановски, татко на Боки 13, e осуден на казна затвор од шест месеци, откако претходно призна вина.…