Филипче: Што подобра епимиолошката слика во ноември, толку повеќе деца во училиште

Стабилна епидемиолошка состојба во ноември ќе значи физичко присуство во училиште за уште некоја група на деца, порача министерот за здравство, Венко Филипче. Еден е ризикот, потенцира тој, да бидат стотина деца од прво до трето одделение со физичко присуство во училиштата, но, повеќе од двојно ќе биде ризикот уште толку деца да ставиме од четврто, од петто и од шесто одделение на почетокот на октомври, бидејќи тие се во контакт со истите наставници.

– На пример, ако некоја наставничка е позитивна и дојде во контакт со голем број деца, тие се сите во ризик. Затоа одиме дел по дел, потенцира Филипче.

Тој истакна дека секоја од мерките се носени и препорачани за да се почитуваат затоа што така граѓаните го штитат и сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.

– Не сакаме огромен број на ризик фактори да се сконцентрираат во еден временски период. Сметаме дека во месец септември луѓето се веќе на работните места и повеќе се наоѓаат во затворено, рече Филипче.

Според него, случајот на Израел е доста поучен каде после наглото отворање на училиштата и на градинките, биле принудени да воведат карантин за период од три недели.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Измами со ваучери за туризам

„Купувам – продавам ваучер за туризам.“ Вакви објави деновиве можат  да се видат по социјалните мрежи. Владините ваучери…