Филипче состојбата со пандемијата на Ковид-19 ја опишува како алармантна

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека состојба со пандемијата од коронавирус е алармантна поради експлозија на вирусот кај нас и во светот. Филипче откри дека во светот има над 11 милиони заболени, а во Европа бројот на починати пораснал за 46 отсто.

Тој соопшти дека нови капацитети за лекувањето на болните од ковид-19 се обезбедуваат во Клиниката за интерни болести.

-Целосно се пополнети капациететите на Инфективната клиника, во модуларната болница, а празни места во моментов има во Центарот за белодробни болести. Интерната клиника иако ќе стане ковид-болница во неа ќе продолжат да се реализираат прегледите од Мој термин, нагласи министерот. Според него, ако се исполнат овие 150 болнички кревети, ќе се помине кон Клиниката за ОРЛ и Очната клиника кои исто така ќе прераснат во ковид центри.

Total
0
Shares
Поврзани објави