ФОТО: Извадени камиони ѓубре од гаража кај Зелен пазар

На фотографиите е снимено колку ѓубре е извадено само од една гаража во која диво се вселиле и ја преполниле со отпадоци Роми кои до скоро во околината на Зелено пазарче продаваа стара стока. Ова на фотографијата не е целото ѓубре туку само половината од тоа што утринава е извадено. Допрва гаражите кај Зелен пазар ќе се расчитуваат и средуваат бидејќи се извор на нечистотија, бактерии , глувци и најстрашно беа клозет за пазарџиите особено оние кои работеа надвор од пазарот.

Ѓубрето е само половина извадено од една гаража

По жестоката борба на жителите да се стави ред околу пазарот, инспектори од Општина Центар шетаат околу и ги казнуваат нелегалните продавачи. Најголемиот неред го правеа нелегални продавачи на стара облека или апарати за домаќинство како и други производи повеќето собрани од отпад. Имаше и постари луѓе кои продаваа зеленило или мед од сопствени ниви. Сега сите се избркани, само тук таму може да се сретне некоја постара жена која продава веза пиперки или планински чај , но тие ниту прават ѓубре ниту некому сметаат, туку таму се да заработат леб за денот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми Твитер го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск за купување на компанијата

Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми Твитер речиси едногласно го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск…