фото – Тијана Дапчевиќ од револт се ишиша ќелава

Пејачката Тијана Дапчевиќ се сети на бомбардирањето што започна на вчерашен ден пред 22 години.

По тој повод, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е ќелава, а во описот напиша и објаснување:

– На денешен ден, во 1999 година, започна бомбардирањето, а јас, од револт, од тага и неможност да му помогнам на моето семејство во Србија, си ја ишишав косата ќелава… Само гледате на телевизија како некој фрла бомби кон сите ваши, и не можете ништо да направите. Никогаш повеќе да не се повтори – напиша Тијана со емотикон за срце.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави