Германски пратеник поднесе оставка затоа што лобирал за Груевски

Пратеникот на владејачката ЦСУ во Бундестагот, Тобијас Цех поднесе оставка на функцијата откако беше откриено дека лобирал за поранешниот македонски премиер Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година, пишува „Дојче Веле“.

Според „Шпигел“ Тобиас Цех, од Христијанско-социјалната унија во Бундестагот, добил во 2016 година петцифрена сума пари за да ја советува партијата на поранешниот премиер на  Македонија.

Понатаму се наведува дека Цех, исто така, лично водел кампања за Груевски.

„Ова го правам за да го заштитам моето семејство и да избегнам штета на мојата партија преку можни предрасуди. Мислам дека легално нема конфликт. Но политички не можете да се однесувате така“, напиша Цех по оставката.

Блокот Меркел веќе изгуби тројца пратеници поради скандалите околу договорите за набавка на заштитни маски.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Втор уписен рок – новите студенти најмногу сакаат медицина и информатика, најмалку шумарство и новинарство (список слободни места)

Иако на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) се пријавија повеќе кандидати од предвидената квота, сепак,…