Ги видов телата на убиените деца кај Смилковско езеро

Ова е последната информација и најшокантна која до сега ја даде загрозениот сведок однсоно заштитениот сведок за случајот Монструм. Тој втор ден сведочи пред јавност. Пупликата во салата остана занемена кога слушна
“Ги видов телата, беа четири”.
Сведокот не го видел телото на убиениот рибар кое беше понајдено на неколку метри оддалеченост од телата на момчињата.
Сведокот се води како Е1 и неговиот распит се уште трае. Тој кажа дека бил присутен вечерта кога се случило убиството и препозна двајца од обвинетите во судницата , а за еден од публиката само кажа дека го познава. Поради лична безбедност не идентификува уште едно лице.
Истовремено по барање на СЈО Министерството за правда подготвува постапка за екстрадиција на двајца обвинети кои во обвинителниот акт се наведени како извршители на убиството на момчињата кај Смислковско езеро. Мотивот се уште не е откриен.

Total
0
Shares
Поврзани објави