Град Скопје не може да ги донира парите за новогодишно украсување за намените за Ковид 19. Законската регулатива не дозволува пренамена на буџетските средства. Тоа значи, дека или градот ќе се украси за Нова Година, или парите предвидени за таа намена ќе останат во буџетот на Град Скопје.
Во врска со јавните барања финансиските средства наменети за украсување на главните улици и на плоштадот да се пренаменат за потребите на здравствениот систем, сосема е законски невозможно да се изврши таква пренамена бидејќи градот нема право да ги троши своите буџетски средства за други институции.
Но годинава ќе биде отворена донаторска сметка каде што сите физички и правни лица наместо за новогодишната забава ќе донираат за потребите на здравствената криза. Така, наместо изведувачи и забава на плоштадот каква што има секоја година, донациите ќе одат за потребите на здравствениот систем кој се справува со пандемијата од Ковид 19.
Градот Скопје го објави тендерот за новогодишно украсување на улиците, булеварите и плоштадите со проценета вредност на договорот од 200.000 евра.