Грета Тунберг – Личност на годината според весникот Time

Активистката Грета Тунберг е прогласена за Личност на годината за 2019-та според весникот Time. 16-годишната девојка е најмладиот добитник на оваа титула.

Светот дозна за Грета кога таа почна да штрајкува за климатските промени – секој петок наместо на училиште, таа одеше пред шведскиот парламент. Тогаш 15-годината активистка протестираше со транспарент на кој пишуваше „Училиштен штрајк за климатските промени“.

time-ja-proglsi-greta-tunberg-za-lichnost-na-godinata-za-2019-06.jpg

Главниот уредник на Time Едвард Фелсентал изјавил:

Таа стана најсилниот глас за најголемиот проблем со кој се соочува планетата, доаѓајќи речиси од никаде за да започне светско движење

time-ja-proglsi-greta-tunberg-za-lichnost-na-godinata-za-2019-07.jpg

Грета привлече доста внимание и со говорот пред лидерите на ОН.

Во изминативе 16 месеци, таа му се обрати на ОН, се сретна со папата, имаше ’двобој‘ со претседателот на САД и инспирира 4 милиони луѓе да му се приклучат на штрајкот за климатските промени на 20-ти септември 2019, нешто што беше најголемата демонстрација за климата во историјата на човештвото. За огласувањето на алармот за деструктивната врска на човештвото со единствениот дом што го имаме, затоа што има глас кој надминува граници, затоа што ни покажа како изгледа кога води новата генерација, Грета Тунберг е Личност на годината за 2019-та според Time, се причините поради кои Грета е избрна а се наведени на веб-сајтот на Time.

Интересно е што во моментот кога Грета беше прогласена за Личност за годината, таа беше во Мадрид, каде што ги обвини лидерите дека сакаат да се претстават во подобро светло, а не преземаат никакви активности во борбата против климатските промени.

Сè уште верувам дека најголемата опасност е да не првите ништо, вистинската опасност е кога политичарите и директорите се преправаат како да прават нешто, а всушност не прават ништо освен сметководство и паметни ПР кампањи“ изјави активистката на самитот на ОН во Мадрид.

Total
0
Shares
Поврзани објави