Груби не ги знае модалитетите за етнички клуч во приватниот сектор

Вицепремеирот Артан Груби денеска објасни дека идејата за субвенционирање на вработувањето на етничките заедници во приватните компании е во самиот зачеток и засега не се познати модалитетите.

,,Етничкиот клуч во вработувањата е многу важен, бидејќи така налага и Охридскиот рамковен договор и уставното начело за правична застапеност на сите заедници во земјава, но тоа не значи дека ќе има помал квалитет на луѓето кои ќе ги добијат работните места. Не е дискриминирачки, туку напротив е правична застапност на сите заедници. Не треба да се гледа како унапредување само на Македонците или Албанците, туку важи и за Срби, Роми, Власи, Бошњаци и за Туци и за сите други заедници ако ги исполнуваат условите за работното место кое аплицирале, изјави Груби…

За ВМРО-ДПМНЕ субвенционирањето на приватни компании за вработувања по етнички клуч е неприфатливо.

За дел од експертите ваквата мерка, онака како што е претставена од Груби,е спорна, но велат, треба да се почека официјалната одлука на Владата.

Професорката Мирјана Најчевска смета дека на ваков начин само би се продлабочила партизираноста во општеството.

Ставот на Владата е дека тие ќе го охрабрат и ќе соработуваат со бизнис секторот да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција.

Без да споменат субвенционирање, преку соопштение велат дека „Владата ги помага и ќе ги помага компаниите за вработување на сите невработени граѓани, преку еднаков пристап, без разлика на припадноста.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави