ГРУБИ: Следна дивоградба за рушење треба да биде терасата на седиштето на ВМРО – ДПМНЕ

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби во гостувањето на вестите на телевизија Сител изјави дека уривањето на дивоградбата пред Мавровка било пред изборно барање на ДУИ.

„Не ја донесе премиерот оваа одлука, ја донесе владата како колективно тело и тоа беше дел уште од преговорите како наше барање. Приоритет ќе ни биде владеење на право и неселективна правда“, рече Груби.

Запрашан дали ќе има постапка и за платформите на Матка и во Охрид за дивоградбите на членот на ДУИ Нефи Усеини, Груби изјави дека според тоа прва дивоградба за рушење би била терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и дека би требало да се тргне по тој редослед.

„Апсолутно секако, мора да се почитува законот и ќе видите апсолутен фокус на неселективна правда, ако има незаконско изградено седиште на партија, ако има дивоградба во Тетово, Гостивар, Струга ќе има постапка. Но, многу е важно да не постапува партијата туку тоа да го прават институциите. Си има суд, Обвинителство, Градежен инспекторат“, смета Груби.

Тој исто така изјави дека денес бил присутен и извршил инспекција на уривањето на дивоградбата кај „Мавровка“, при што разговарал и со работниците кои се нашле на местото.

МИА

Total
0
Shares
Поврзани објави