Груевски бара три месеци одлагање на затворот оти е пратеник и работи докторат

Деновиве Никола Груевски води трка со времето дали на осми ноември ќе се појави во затворот во Шутка на издржување на затворската казна од две години за влијание за набавка на мерцедес за потребите на тогашната Влада. Затворот Шутка во Скопје е известен за терминот кога Груевски треба да се појави, а истовремено неговите адвокати веќе поднеле молба за одложување на издржување на казната.
Судијата за извршување санкции од Кривичниот суд во Скопје има рок до четврток да одговори на молбата на адвокатите за одложување од три месеци на издржувањето на казната со образложение дека има обврски како пратеник и околу неговиот докторат.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера го доставил известувањето од судот за пресудата на пратеникот Груевски до претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања. Рокот од 15 дена за одржување на седница на оваа комисија тече од денеска.
Претседател на собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања е пратеникот Павле Богоевски. Комисијата треба да одлучи дали пратеникот Груевски по ваквата пресуда е „недостоен за вршење на пратеничката функција“ што е еден од условите според собранискиот Деловник за одземање на пратеничкиот мандат.
Доколку му буде одземен пратеничкиот мандат на Груевски, на негово место во Собранието, седнува наредниот на листата пратеници од коалицијата „За Македонија заедно“, кои беа кандидирани во оваа изборна единица.
Груевски се жали и до Врховниот суд и очекува преиспитување на пресудата за случајот „Тенк“.

Total
0
Shares
Поврзани објави