Искинати книги за ученици , кавга на родители

“Во текот на вчерашниот ден, се враќа мојата ќерка од училиште, но забележав дека прилично е вознемирена и и велам Дарија што ти е? На раб си да заплачеш…Ме погледна со солзи во очите велејќи ми: „Мамо, дали ги погледна книгите кои ми ги дадоа во училиште?“ Отиде до собата и го донесе нејзиниот ранец, почна да ги вади книгите и што да видам: искинати корици, оштетени,исшкртани, на некои фалат страници…се заврте, ме погледна и повторно ми се обрати „и како да не бидам загрижена, како јас ќе учам од овие книги, види мамо некои лекции недостасуваат, листовите ги нема“. Ја погледнав и ја гушнав велејќи и: „Мама ќе ти купи нови книги, истите утре ќе и ги вратиме на наставничката“.
Овој пост покрна лавина реакции на мајка која објавила дека нејзината ќерка добила искинати книги на училиште. Коментарите отидоа до таму дека таа е виновна што го воспитива детето дека ќе му купи нови до условите во кои учат децата политиката воспитувањето.
“И имала пари да и купи нови па девојчето ќе се смири и нема да заплаче..? Шо прајме со другите деца чии родители немаат пари да купат книги ? Или тие се истите родители,чии што деца на првиот училишен ден не плачеа ни по нови патики , ни по нови фармерки , ни по нов прибор со дизни ликови кои чинат колку една сметка за струја! Не мајка ! Ќерка ти можеби заплакала од возбуда бидејќи се сретнала за прв пат со нешто ново, со обврски. Но не се криви децата! Ние сме криви со тоа – утре ќе ти купам ново” , е една од ракциите.
“И ние на времето учевме од стари книги па изучивме. Никој не трчаше заради остарени книги да купува нови. Од тоа “мама сега ќе среди” децата се неподносливи.. се чудам кој ќе им средува кога ќе ја нема мама?!?!”,реагира друг родител.
“Па дека се бесплатни се оштетени, да беа купени од родителите па да требаше да ги продаваат од година на година како порано што ги продававме книгите од средно, ќе ги чуваа ко очите
Ете драги мои во каква држава живееме и каков е нашиот образовен систем. Но јас нема да дозволам моето дете да учи од такви книги, уште денеска ќе се упатам до книжарниците и ќе и ги купам.
Министерство за образование и наука ,Биро за развој на образованието а на вас срам да ви е за сите лаги и манипулации! Зарем нашите деца го заслужуваат ова што им го приредувате, засрамете се!!!”, пишуваат родители коментари на фотографии објавени од искинати учебници.
Но има и други реакции на луѓе кои и не се толку вознемирени и го гледаат проблемот поинаку.
“Се чудам зошто се буните дека книгите се амортизирани. Книга за учење е токму тоа, да се врти, превртува, пишува забелешки од страна, така се учи луѓе, тоа значи дека книгата е употребувана и искористена и така треба да биде. Да ги видите моите стручни книги колку се пожолтени од свртени страници, искривени ќошеви и едно чудо напишани белешки од страна. Немојте да поистоветувате книга за учење со книга за читање, тоа се две различни работи. И најважното прашање е зошто книгите треба да се враќаат за од нив да учат неколку генерации. Треба да се бесплатни и да останат кај секој ученик посебно, а МОН секоја година да обезбедува нов сет книги за секој ученик. Тоа е бесплатно образование, се’ друго е популизам”.
Но има и такви кои се потесутуваат на други времиња кога книгите се позајмуваа се учеше од книги купени на Плоштад, кога знаењето имаше вредност и цена. Но од сите коментари никој на крајот не понуди решение освен куп констатации.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО од првата линија на огнот – Пожарникарите иако не се на смена, 40 часа се борат да спасат животи и домови, исплатата на надоместок неизвесна

Почитувани сограѓани, Во вакви моменти во кои непогодите се насекаде низ државата, а некои граѓани претрпеа сериозни материјални…