Иван Џолев и официјално нов претседател на Кривичниот суд

Со давањето на свечена заклетва Иван Џолев и официјално стана нов претседател на Основниот суд Скопје 1.

Во изјава за медиумите Џолев рече дека не смее веќе да постојат оправдувања и алиби доколку состојби те во судот не се поправат.

– Очекувам со помош на целиот колектив во судот дека тие состојби ќе се поправат, рече Џолев.

Додаде дека планира да направи анализа за тоа како работел судот во изминатиот период, а во врска со распоредот на судиите рече дека нема да се изменува освен ако се неопходни интервенции.

Џолев беше завчера избран за нов претседател на најголемиот суд во земјава со 11 гласа за и 2 против.

Total
0
Shares
Поврзани објави