„Ја убив, тоа и го сакав!“, Албанецот кој си ја уби сопругата во Виена не се кае

Албанецот од Македонија, Џемаил М. (36) кој во понеделникот ја уби својата  сопруга Земира К. (32), го признал делото и рекол дека не се кае за извршеното убиство.

„Да, ја убив, тоа и го сакав!“, им рекол осомничениот на инспекторите, додека траел распитот.

На Џемаил му било забрането да се доближува до своето семејство бидејќи чето пати манифестирал изливи на насилство. Двајцата се по потекло од селото Ласкарци, во скопската општина Сарај.

Увиството се случи во понеделникот, на 21 јануари, на паркиралиште пред супермаркет во австрискиот град Тулин, кадешто со неколку убоди со нож во вратот сопругот ја убил Земира. Брачниот пар имале две деца кои за време на убиството биле на училиште, а веќе се згрижени од социјалните служби.

Total
0
Shares
Поврзани објави