Караџиќ префрлен во затвор на островот Вајт: Таму биле чувани сериски убици и јоркширскиот “Џек трбосек”


Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ е префрлен од Хаг во британски затвор на островот Вајт, на југот на Англија, кој се наоѓа на 20 километри од Портсмут.

Караџиќ пристигна од Холандија оваа недела во Велика Британија, каде ќе го отслужи остатокот од доживотната казна затвор, објави Дејли меил.

Тој беше префрлен во затворот на Островот Вајт, кој е познат под поранешното име Паркхурст.

Дејли меил потсетува дека во тој затвор своите казни ги издржувале крајно опасни криминалци, како што се лондонските близнаци Креј (познат по убиства, вооружени грабежи, рекетирање …), потоа јоркширскиот “трбосек” Питер Сатклиф (сериски убиец) и Јан Брејди (познат по убиствата во мочуриштето, во кое беа убиени и силувани пет деца на возраст од 10 до 17 години).

Во врска со обвинувањето на Соња Караџиќ, ќерка на Радован Караџиќ, дека нејзиниот татко бил сместен во зграда полна со канцероген азбест, портпаролот на британското Министерство за правда рече дека не е точно и дека затворите во Велика Британија ги исполнуваат здравствените и стандарди за безбедност.

Total
0
Shares
Поврзани објави