Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов порачува дека никој во Скопје не треба да има очекувања дека Бугарија ќе направи отстапки поради братски чувства и солидарност и дека некој однадвор ќе изврши притисок бидејќи тоа нема да се случи.
Каралачанов вели дека такво отстапување од позицијата на Бугарија не би поминало во ниту еден бугарски парламент.
„Ќе видиме што ќе се случи за една недела. Изборот дали ќе бидат дел од ЕУ е нивен. Нема да станат членки на Европската унија со коминтерновско удирање по маса“, изјави Каракачанов за бугарската телевизија БТВ.
Тој смета дека Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија е „доволно добар, но само доколку се почитува“.
Според него, нема дипломатски притисок врз Бугарија од Германија, а генезата на балканските проблеми ја објаснил и во Вашингтон.
„Пријателството е пријателство, братството е братство, но договорите и доброто однесување мора да се почитуваат. Не сакаме да одиме низ Капали чаршија и да се расправаме чиј е Гоце Делчев, изјави Каракачанов.
Тој вели Македонците треба да признават дека нивниот национален идентитет е создаден со оган и меч по 1944 година.