Катица Јанева доби 7, а Боки 13 9 години затвор

Екс специјалната обвинителка Катица Јанева е осудена на 7 години затвор во случајот Рекет. Судот ја прогласи виновна исто како што го прогласи виновен и Бојан Јовановски, кој доби 9 години затворска казна.
Бојан Јовановски ја слушна пресудата во судницата, додека Јанева на нејзино барање поради семејни и здравствени причини побарала да не биде присутна на изрекувањето на пресудата.
Јанева е осудена за злоупотреба на службената положба и областувања, а Јовановски за делата примање награда за противзаконско влијание и за перење пари.

Total
0
Shares
Поврзани објави