Ќе ја чуваме ќерка ти, знаеме каде е грешката за твојата смрт !

Вчера беше погребана родилката која почина пет дена по породувањето во болницата во Гевгелија. Нејзина блиска пријателка која исто така била бремена со која се радувале на нивните први дечиња, тврди дека околу породувањето на Елизабета Савиќ Динева имало проблем и грешка. Таа испрати емотивна порака на созијалните мрежи.

“И пак во борба со системот – победа за системот.
И пак истата грешка на гинекологија – Гевгелија,а во Скопје истата не можеа да ја исправат.
И пак жртва.
Но, овој пат премногу боли, зошто ТИ отиде дада Бетка. Неколку дена пред се да се случи толку убав муабет и среќен имавме зошто ова е наша година кога на свет треба да ги донесеме нашите први деца и да живееме за нив.За жал ти не издржа!
Знаеме каде е грешката! Но , сите молчат! Нормално, зошто ова е Македонија или како се вика веќе не знам. И за крај не можеме да ти ветиме дека некој ќе одговара за тебе, зошто ова е некоја чудна земја каде за убиство не се одговара. Но,ти ветуваме дека ќе се грижиме за твојата ќерка. Денес е денот кога се простуваме засекогаш од тебе на твоето вечно почивалиште каде се надеваме ќе најдеш подобро место од ова!
Збогум најмила моја”

Total
0
Shares
Поврзани објави