Коронавирусот ја зема и првата жртва во спортот- почина претседателот на РК Преспа по долгата битка со вирусот

Тажна вест пристигна од ракометниот клуб РК Преспа.

Вечерва по долгата борба со коронавирусот, почина претседателот на РК Преспа, Илче Котевски.

Котевски ќе остане запаметен како голем спортист, кој ќе остави траги во историјата на спортот во Македонија.

Почина во скопската градска болница 8-ми септември , а за чие заздравување на социјалните мрежи за бараше крвна плазма. Оваа вест вечерва беше споделена во една од групите на социјалните мрежи, каде членуваат жителите на Ресен и Преспа. 

„Се боревме колку што можевме, ни требаше затоа што беше прекрасен човек, спортист и активист, секогаш насмеан, весел,с екогаш дружељубив. Не успеавме да ја победиме опаката болест. .Жалоста е многу голема пријателе и секогаш ќе бидеш во нашите спомени“, се вели последниот поздрав објавен во групата. 

Total
0
Shares
Поврзани објави