Лекарите кои интервенирале на местото на шесткратното убиство на одмор поради претрпен шок

Три жени, двајца мажи и едно 10 годишно дете се убиени вчера вечерта во Загреб во едно од најкрвавите злосторства на денешницата.

Младиот лекар кој прв се нашол на местото на крвопролевањето рекол дека е потресен бидејќи глеткатата била застрашувачка.

Крв имаше на сите страни, а телата беа изрешетани – рекол тој.

Екипата која прва стигнала на местото на масакрот, пратена е на одмор, за да психиски се опорави од страшната глетка која ја затекнале.

Невиденото злосторство го извршил Игор Наѓ, кој после маскарот побегнал, а полицијата после неколучасовна потрага утринава околу 4 часот потврдила дека го лоцирала на подрачје во Брезовица, каде тој за време на апсењето се самоубил.

На местото на злосторството загребската Брза помош упатила три екипи на лекари и три возила, но кога првата екипа дошла на местото на злосторството, единствено што можела да констатира е смрт на шест лица, а бебето кое не било повредено го одвезле во КБЦ Загреб, по што истото е префрлено во Дом за деца.

Total
0
Shares
Поврзани објави