Лидерите одлучија: Нема одлагање на изборите

Владата не запозна и ова беше средба од информативен карактер. Политичките партии може да доставуваат и свои предлози како да се справиме со вирусот. Од големо значање ќе биде и како ќе се справиме со економските последици по вирусот. Тоа ќе го почуствува и буџетот па затоа се потребни и мерки за стопанството. Ние како партија секако ќе дадеме сет препораки како да се справиме со економијата. Се договараме да има преадаптирање на изборната кампања. Ке има користење на медиумите и евентуално од врата на врата. Ние ќе ги почитуваме препораките – Христијан Мицковски.

Едногласно сите партии оцениа дека мерките треба да се прошира. Се информиравме од министерот и премиерот за превземените мерки и активностите од државните институции.

Во однос на избороите ќе се почитуваат насоките кои доаѓаат од надлежните институции. Нема да има големи митинзи и собири. Ќе се најде друг начин и сите партии ќе може да ги користат електорнските медиуми и нема да има проблем – Али Ахмети.

Ќе ги чекаме информациите“, рече Заев и, како и останатите учесници на средбата, најави дека ќе изнајдат други начини за кампања, соодветни на ситуацијата, како компензација за големи собири.

На прашањето дали ќе си поднесе оставка на лидерската позиција ако СДСМ загуби на изборите, како што покажувале анкетите, Заев изјави дека нема ништо ново да каже за тоа, бидејќи „СДСМ ќе победи на овие избори“.

„Напротив сите анкети покажуваат дека водиме, а најрелевантната анкета е на денот на изборите. Ние сме убедени во победа и не помислуваме на други алтернативи, туку дека граѓаните ќе дадат чест и одговорност да ја водиме извршната власт“, рече Заев.

Лидерската средба во Владата ја опиша како продуктивна и конструктивна за решенијата на институциите за справување со коронавирусот.

„Добро е што сите сме на иста маса за тоа, бидејќи здравјето е над се. Здравјето е и мора да биде највисок приоритет и во таа насока се и најновите мерки на институциите. Овие мерки се за добро на сите граѓани и за нивна заштита и апелирам сите да не мрднеме ни милиметар од нив. Исто така, апелирам да се спротивставиме на лажните вести, бидејќи ширењето страв и паника е кривично дело. Најважно е да ги слушаме експертите и да нема политички делби по тоа прашање“, изјави Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави