Лидерот на СДСМ ќе се избира на непосредни избори

Лидерот на СДСМ  во иднина ќе се бира на непосредни избори од членството, а не како досега преку делегатски систем..

„Првите вакви избори се планирани да се одржат веќе следната година кога истекува мандатот на ова раковоство ,следната пролет“, посочи Заев.

Тој вели дека целта е да се поголема демократизација на партијата и на органите на СДСМ.

Генералниот секретар Љупчо Николовски вели дека кој ќе прекршува закони нема да има поддршката од партијата.

„Сликата дека политичарите се корумпирани и арогантни  мора засекогаш да биде избришана. Секој еден за кој постои сомневање дека и малку го прекршил законот ќе треба да се соочи со законот без разлика дали е член или функционер на СДСМ “, рече Николовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави