Лиса Шаќири до Груби и Касами: Престанете да ги претставите Албанците како глупи и прости

Лиса Баута Шаќири, сопруга на познатиот пејач Бени Шаќири, реагира на Фејсбук на најавата на вицепремиерот Артан Груби, за субвенционирање приватни фирми за вработување на Албанци и лица од други заедници, и до Биљал Касами од Беса за двојазичност во приватните фирми.

Лиса во својот фејсбук статус ги замоли Груби и Касами да не ги прават Албанците глупи и неспосбни, како и инфериорни на пазарот на трудот.

„Прво ние не сме ни глупи, ни необразовани, ни прости, а фала богу, здрави и прави, и конкурираме на трудовиот пазар еднакви и со Македонци и со Германци и други, и тука и во странство! Не не сме ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми“, пишува Лиса.

Таа смета дека ретко кој дипломиран Албанец да не знае македонски.

„Тие што студирале надвор од државата може да не знаат, ама тие не ви се враќаат тука да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка“, вели Лиса.

Според неа, во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит, смонувајќи го примерот на нејзиноот бербер, кој освен мајчиниот македонски зборува и албански јазик.

„Конечно, престанете да не омаловажувате и да не прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите! Оваа ваша евтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да уште по инфериорни изгледаме од тоа што им се причинуваме на Македонците, заклучува Лиса Баута Шаќири.

Total
0
Shares
Поврзани објави