Mалолетничката која беше прегазена во Скопје денес почина, возачот го напуштил местото на несреќата

Девојката која завчера беше прегазена на булевар „Борис Трајковски“ починала на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, потврдуваат од Министерството за здравство.

Девојката била веднаш оперирана, но вчера во пет часот наутро им подлегнала на повредите.

-На 30.8.2023, во околу 22.30 часот, во СВР Скопје било пријавено на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото.

-Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

-Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Спасени три волкчиња

Среќата не може да се опише кога ќе се спаси живот, особено кога исходот на постапките е неизвесен…