Мајките прашуваат: За нашите деца ли ги спремавте монтажните болници?

„Дали вашите деца ќе ги пуштите во градинка?, Вашите деца не се поважни од нашите?, За нашите деца ги спремавте монтажните болници?, Комисијата за заразни болести не ви е валидна?“ се дел од пораките испишани на транспарентите што ги носеа мајките кои што денеска пред Влада протестираат поради прекин на продолженото породилно отсуство.

Тие бараат да се поништи одлуката на владата која предвидува враќање на работа на 23-ти септември и инсистираат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината. Велат дека во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца.Досега петицијата ја потпишале 3325 мајки.Оставија и празни шишиња пред Владата.

Владата смета дека денешниот протест е беспредметен.

„Со отворањето на установите за згрижување и воспитување деца на 9 септември 2020 година и анализата која покажа дека градинките имаат капацитет да ги згрижат децата согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, кој на минимум го сведува ризикот од ширење на вирусот КОВИД-19, мерката родителите на децата од 0 до 6 години да бидат надвор од работниот процес ја губи смислата“, соопштија од Владата.

Total
0
Shares
Поврзани објави